Вечерва во Подгорица, ракометарките на ЖРК Вардар против Будуќност ќе го одиграат првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионки. Во пресрет на натпреварот еве што изјави српската репрезентативка Андреа Лекиќ:
“Не би давала предност ниту на Будуќност, ниту нам. Ќе биде тежок натпревар и јас искрено се радувам на стартот во Лигата на шампионите. Секогаш одбраната е клуч на секој натпревар, така ќе биде и сега. Дефинитивно тоа за нас мора да биде императив. Нашиот напад мора да биде добар на нивната одлична одбрана, кој всушност е нивниот најдобар дел од играта. Нашиот напад мора да биде многу разновиден за да ја совлада нивната гранитна одбрана” – изјави Леќик
Натпреварот започнува од 19:00 часот.
Директен пренос: Алфа ТВ