Хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ повторно заслужено се најде меѓу трите најголеми ѕвезди на колото во Лигата на шампионите. По одличните две партии на Ф4 турнирот во Будимпешта, особено во вториот натпревар против Динамо Синара, каде со своите 9 погодоци помогна на тимот на ЖРК Вардар да ја освои брозата, сосема заслужено по 5-ти пат се најде на оваа листа.
Друштво на оваа листа и прават Клара Волтеринг (Будуќност) и Нора Мерк (Ларвик).
Најдобрите потези на Андреа Пенезиќ, како и на останатите две ракометарки, може да ги видите ТУКА.