Екипите на РК Металург и РК Тинекс Пролет, утре ќе ги одмерат силите во меѓусебен дуел, кој ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда со почеток во 19:00 часот. Влезот за сите заинтересирани е слободен. Со овој натпревар од 5-тото коло и двете екипи ја завршуваат првата половина од оваа плеј-оф фаза.

Ппикерот на РК Тинекс Пролет, Антонио Апостоловски за сајтот на МакРакомет, го изјави следното:

„Утре не очекува тежок натпревар против екипата на Металург, за која имаме голем респект. Екипа која сезонава е во помладен состав и видно ослабена во споредба со минатата сезона, со што тоа претставува наша шанса која треба да ја искористиме и издвојуваме голема победа.“

За потсетување, денес екипата на Зомимак-М ја совлада екипата на РК Прилеп со 30:36, а екипата на РК Радовиш во недела  10.05.2015 ја пречекува екипата на РК  Вардар.