Во пресрет на утрешниот натпревар против Босна и Херцеговина, кој ќе се одигра од 17:00 часот, столбот во нашата одбрана Ацо Јоновски ја пофали босанската репрезентација, која е предводена од селекторот Драган Марковиќ.
“Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е една навистина квалитетна репрезентација предводена од еден одличен стратег. Имаат добра стратегија, добро играат, самите голмани, одбраната, очекувам еден фер плеј и нека победи подобриот“ – изјави Јоновски.