Во пресрет на денешниот натпревар на нашата сениорска репрезентација во Сент Гален, против репрезентацијата на Швајцарија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Полска, нашиот столб во одбраната Ацо Јоноски, на кој швајцарскиот терен му е најдобро познат, очекува да ја оправдаат улогата на фаворит и да влезат максимално без потценување на противникот.
„Драго ми е кога ќе се вратам во некој град во кој сум поминал дел од кариерата. Сигурно и публиката го препознава тоа. Сент Гален има таква публика што е добро за ракометот. Швајцарците имаат млада екипа во која главен збор има Енди Шмит. Тоа не треба да се потцени. Ние сме сепак, благи фаворити во овој дуел, но тоа мора да го оправдаме на терен“ – изјави Ацо Јоноски за порталот Екипа.