Мирјета Бајрамоска на вчерашниот натпревар со својот Крим, на домашен терен беше поразена од рускиот Динамо-Синара во рамките од 4-тото коло од Лигата на шампиони. Бајрамовска го торпедираше Динамо со 8 погодоци, кои сепак не беа доволни за победа.

После одиграното 4-то коло од ЛШ, Бајрамовска се наоѓа на третото место, по ракометарките Каролина Кудлач од Лајпциг и Ида Оден од Савехоф. Во топ 10 стрелци се наоѓа уште и ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ која со 26 погодоци се наоѓа на 8-та позиција со уште четири ракометарки.

Листа на стрелци:

1. Каролина Кудлач Лајпциг 29 гола
2. Ида Оден Савехоф 28 гола
3. МИРЈЕТА БАЈРАМОСКА Крим 26 гола
4. Миранда Татари Подравка 26 гола
5. Горица Ачимовиќ Хипо 25 гола
6. Ана Кочетова Динамо 24 гола
7. Кристина Неагу Будуќност 24 гола
8. АНДРЕА ПЕНЕЗИЌ Вардар 23 гола
9. Пол Бодуан Мец 23 гола
10. Дариа Дмитриева Динамо 23 гола