Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го соопшти списокот од 16 ракометари со кои ќе се спротивстави на репрезентацијата на Тунис, во мечот од првото коло од СП во Катар.
Играчите на Металург, голманот Никола Митревски и искусниот пивотмен Ванчо Димовски се двајцата ракометари, кои нема да настапат на денешниот натпревар.
Според тоа, во составот на Македонија ќе ги видиме: Ристовски, Ангелов (голмани); Манасков, Георгиевски, Недановски, З.Мојсоски (крила); Стоилов, Н.Маркоски (пивот); Н.Мојсовски, Ф.Лазаров, Јоновски, В.Маркоски, Миркуловски, Прибак, К.Лазаров и Вугринец (бекови).
За потсетување, мечот е со почеток во 15:00 часот, со директен пренос на МРТ1.