На вчерашната седница, УО на РФМ ги определи цените на билетите за квалификацискиот натпревар против Франција. Натпревар во кој македонските навивачи за 200 и 300 денари ќе можат да го гледаат Светскиот ракометен шампион.
Натпреварот се игра на 29-ти Април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.15 часот. За веќе после три дена на 3-ти Мај се одигра и реваншот во Тулуз, Франција.
УО на РФМ уште еднаш потенцираше дека премијата за пласман на ЕП во Полска изнесува 30.000 евра, како и за пласманите на претходните големи натпреварувања.