Од денес, петок, со почеток во 12:00 часот, во продажба ќе бидат пуштени билетите за мечот од првото коло во квалификациите за Европското Првенство 2016, кое ќе се одржи во Полска, меѓу Македонија и Швајцарија.
Билетите ќе бидат достапни за купување во продажната мрежа на МКтикетс (mktickets.mk).
Цената на влезниците е 100 и 200 денари во зависност од трибината.
Натпреварот се игра на 29 октомври во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

За потсетување, покрај Македонија и Швајцарија, во истата група од квалификациите за пласман на ЕУРО 2016 се уште и Франција и Чешка.