На македонската репрезентација и престојат два клучни натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство во Полска, што ќе се одржи следната година. Најпрвин на 10-ти Јуни ќе гостуваме на репрезентацијата на Швајцарија, натпревар во кој несомнено сме големи фаворити и во кој очекуваме лесна и убедлива победа.

За четири дена подоцна, на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекуваме репрезентацијата на Чешка. Натпревар во кој ќе се реши вториот патник на ЕП во Полска, покрај супериорната Франција.

*Билетите за тој натпревар ќе чинат 50, 100 и 200 денари, кои се пуштени во продажба.

Цени:
  • Сите М –  блокови – 200 денари
  • Трибина (1-6, 10-15) – 100 денари
  • Трибина (7-9) – 50денари

Продажбата на влезниците ќе се спроведува преку МКТИКЕТС, како и во:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;

Во Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8;

Во Тетово: Алпине Спорт;

Во Охрид: Њу Тобако;

Во Кавадарци: Ровим Ком.