Денес екипите на РК Радовиш и РК Охрид со меѓусебен дуел ќе го затворат 4-тото коло од ВИП машката Супер лига. Домаќин на овој натпревар е екипата на РК Радовиш. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18:30 часот, а ќе се одигра во СРЦ „25 Мај” во Радовиш.

За очекувањата од овој натпревар, поразговаравме со ракометарот на Радовиш, Бобан Блажески кој ни го изјави следново:

„Екипата на Охрид оваа сезона е многу постабилна за разлика од минатата сезона. Очекувам дека ова ќе биде еден цврст и рамноправен натпревар, во кој се надевам дека ќе забележиме победа над РК Охрид. Значајно е тоа што имаме огромна поддршка од нашата публика и со нивна помош очекувам дека ќе дојдеме до посакуваниот успех.”

Директен пренос од овој последен натпревар од 4-тото коло можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.