По одиграното 5-то коло во Лигата на шампиони, ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ одигра уште една одлична партија против Баја Маре, каде постигна 8 погодоци и со вкупно 43 погодоци ја дели првата позиција на листата стрелци во ЛШ, заедно со Микел Хансен од ПСЖ. Кој истотака на вчерашниот натпревар против Целје одигра одлична партија, во која забележа истотака 8 погодоци.
Ви ги претставуваме првите 5 стрелци:
- Јанко Божовиќ (Металург) 43 погодоци
- Микел Хансен (ПСЖ) 43 погодоци
- Габор Чазар (Шафхаузен) 42 погодок
- Бјорнсен Кристиан (Кристијанштад) 38 погодоци
- Никола Карабатиќ (ПСЖ) 36 погодоци