Денес ќе се одигра и последниот натпревар од 7-то коло во рамките на плеј-оф фазата на машката Супер лига. Ракометарите на РК Радовиш ќе ја пречекаат екипата на Тинекс Пролет, натпревар во кој се очекува голема борба за освојување на 3-те бода, бодови со кои една од екипите ќе си обезбеди излез во Европа.

Радовишани се наоѓаат на 5-та позиција, со само 3 бода помалце од 4-то пласираниот Тинекс Пролет. Натпревар во кој ракометарите на РК Радовиш ќе атакуваат за тоа 4-то место, кое води во Челинч Купот. Додека скопјани кои се благи фаворите на хартија, ќе се обидат да го потврдат својот излез во Европа.

Првиот натпревар во Скопје, го добија Тинекс Пролет со конечни 29:25.

Натпреварот ќе се одигра во СРЦ “25 Мај“, од 19:00 часот.