Во пресрет на вечерашниот натпревар, нашиот голман Борко Ристовски потенцира дека оваа репрезентација има големо искуство, да избори две победи кои ќе ја одведат Македонија на ЕП во Полска 2016 година.
„Искусни сме, со долги години стаж во репрезентацијата, и мора да сфатиме дека ова се двата натпревари се оние клучните, за кои се подготвувавме цела година. Нашиот континуитет на настапи на големите натпреварувања, зависи токму од овие два натпревари. Не треба да ја „прокоцкаме“ укажаната шанса“ – изјави голманот Ристоски.
Натпреварот започнува од 20:00 часот, со директен пренос на Алфа ТВ.