Велко и Никола Маркоски се новите членови на струмичкиот прволигаш Зомимак-М до крајот на сезоната. Големо засилување на рисовите, особено во дефанзивата, каде се очекува од браќата да внесат стабилност и цврстина во одбраната на Зомимак-М.
По случувањата во екипата на Металург, струмичкиот суперлигаш максимално ја искористи за зајакнување на составот, со што најавува борба во трката за шампионската титула, особено за второто место кое догодина ќе им гарантира играње во СЕХА лигата, а можеби и во ЛШ.
Веќе следниот викенд ќе го имаат своето деби за новиот клуб против тимот на Преспа во рамките од регуларниот дел од Супер ВИП лигата.