Со мечот во СЕХА лигата против екипата на Брест Мешков, Вардар ги започнува настапите во вториот дел од овогодинешната ракометна сезона. На првиот дуел во Белорусија бевме поразени со 30-22, а за овој натпревар Брумен најавува победа.

“Тие се една одлична екипа, составена од многу странски играчи. Посебно ова сезона, мислам дека доведоа некоку квалитетни ракометари, а тоа го видовме на нашиот прв меѓусебен дуел сезонава, кога бевме поразени на гостувањето во Белорусија. Но, ние одиме на победа, ќе одиграме најдобро што знаеме и се надевам дека на крајот ќе се радуваме, заедно со сите наши навивачи” – заврши Матјаж Брумен.