Кнежевиќ и Булатовиќ едногласно изјавија дека овој натпревар ќе биде неизвесен до самиот крај, дека ќе решаваат мали нијанси. Воедно и двете потврдија дека вардарки играат многу подобро после доаѓањето на Питлик како помошен тренер во екипата. Но, и покрај сето тоа веруваат во успех на турнирот и завршување на успешната сезона.

Кнежевиќ: „Екипата која ќе игра попаметно и мирно ќе биде поблиску до победа, со тоа што двете екипи имаат изедначен квалитет и дека е во прашање натпревар на сезоната за двата тима. Вардар има сјајни поединци и знаеме како беше минатата сезона, плус го добија Јан Питлик кој внесе нова енергија во екипата. Но спремни сме на успешен настап во Будимпешта, да ја крунисаме успешната сезона“

Булатовиќ: „Ќе биде многу тешко, бидејќи мораме да изиграме два тешки натпревари во два дена. Четири екипи имаат иста цел, сите ја гледаат својата шанса да стигнат до трофејот. Одлично го познаваме нашиот противник во полуфиналето, Вардар е врвна екипа, имаат доста сјајни поединци и го добија данскиот тренер Питлик кој донесе нова енергија во екипата, кој воедно ги склопи коцките. Знаеме дека не очекува голема борба, али спремни сме и работиме максимално за да ја оствариме нашата цел, да се пласираме во финалето.“