После вчерашниот убедлив пораз на Металург од германскиот шампион Кил со 42:27, најдобриот ракометар во македонскиот состав на синоќешниот натпревар Ванчо Димовски апелира да се искористи претстојната едномесечна пауза за исправање на грешките.

„Кил покажа докторат по ракомет. Гледачите можеа да уживаат гледајќи го нашиот противник. Нас ни останува многу нешта да корегираме. Безбодови сме по по четирите натпревари, но сега има пауза и ќе се подготвиме за следните дуели.“ – изјави Димовски