Вардарки денешниот натпревар го изиграа на високо ниво, со што резултираше со убедлива победа над словенечкиот шампион со 29:47. Победа со која ЖРК Вардар се искачи на 3-та позиција во групата со 9 освоени бодови, прескокнувајќи го Турингер кој веќе во недела му гостува на Динамо Синара.

Ракометарките на ЖРК Вардар одлично го отворија натпреварот, мирно и смирено во одбраната и нападот. Лекиќ со гол го отвори натпреварот, со што се играше гол за гол првите неколку минути, за веќе во 10-та минута вардарки се одлепат на 3 гола разлика, 4:7.

По што следуваше зацврстување на одбраната, која донесе неколку брзи контранапади, во кои непогрешливи денеска беа Лекиќ и Дембеле. Со што веќе во 20-та минута ЖРК Вардар имаше постигнато дупло погодоци отколку што имаше примено, 7:14. За до самиот крај го потврди тоа и замине со конечни 12:24 на полувреме.

Во второто полувреме нашите ракометарки продолжија со тоа темпо и решија да го совладаат убедливо словенечкиот шампион. Индира Кастратовиќ им даде шанса и на сите останати ракометарки, кои солидно ги искористија своите минути.

Полувреме без одбрани, со што резултираше со голем број на постигнати погодоци и убедлива победа на нашите ракометарки со 29:47.

Најефикасна во нашиот тим беше Андреа Пенезиќ со 11 постигнати погодоци.