Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до нова титула во Купот на Македонија, совладувајќи го ЖРК Металург во финалето со убедливи 34:16.
Натпревар во кој уште на самиот старт вардарки покажаа кој ќе си замине непоразен, со цвста одбрана ги присилија ракометарките на ЖРК Металург да прават грешки, а крилата Сокач и Черноиваненко умешно ги искористуваа. За веќе во 5-та минута, резултатот биде 5:1.
До 20-та минута ракометарките на ЖРК Металург се држеа солидно, иако имаа многу технички грешки во нападот и неконцентрирани во одбраната, губеа само со 2 гола разлика. Но, потоа како да спласна и таа енергија што ја имаа „плаво-белите“, тоа искуство кое им недостига, а искуство кое го искористија вардарки и направија серија од 5:0, со која се одлепија од противникот. За на крај, на полувреме да заминат со конечни 17:11.
Второто полувреме започна со серија на Металург, со двата гола на Белеска, што за момент помисливме дека ќе се вратат во игра ракометарките на ЖРК Металург. За веднаш потоа да следи една серија на вардарки за да се одлепат на 10 погодоци разлика, па уште една серија со која веќе на 5 минути до крај на натпреварот да имаат водство од 32-15 и да го завршат мирно натпреварот за конечни 34:16.
Денес ракометарките на ЖРК Металург не беа на тоа ниво, кое сме навикнати да ги гледаме. Не очекувавме победа, но очекувавме поцврста игра во одбраната и разновидност во нападот, работи кои ги немаше на денешниот натпревар.
Без храброст да влезат во дуел и со технички грешки, едноставно не можеа да им парираат на искусните вардарки. Во екипата на Металург најрасположени за игра беа Ливриниќ, Николиќ и Величковска. Додека Белеска се разбуди во последните минути на натпреварот.
Без разлика на се оваа екипа на Металург влева надеж дека за некоја година ќе имаме вистински конкурент на ЖРК Вардар, како и добра репрезентавија.
ФОТО: Филип Вирановски (24ракомет)