Младите ракометарки на ЖРК Металург, денес со очекуван пораз од македонскиот шампион ЖРК Вардар. Натпревар кој уште во првите десетина минути беше се решено,откако ракометарките на Вардар поведоа со 0-7 и јасно ставија до знаење кој е кој во македонскиот женски ракомет.

Младите ракометарки на Металург влегоа во ритам дури во втората половина на првиот дел, за на полувреме да заминат со негатива од 12-20. За во вторите 30 минути со подеми и падови во играта на сините од Автокоманда, искусните избранички од составот на Индира Кастратовиќ да ја дуплираат предноста и слават со 37-22.

Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Алена Ихњева од ЖРК Вардар со 8 постигнати погодоци, а кај Металург, Сара Ристовска која натпреварот го заврши со 5 погодоци.