Ракометарките на Вардар утре ги продолжуваат настапите во Скопско Супер лигата, со дуелот од петтото коло против екипата на Жито Прилеп. Вардарки се апсолутни фаворитки на овој меч со оглед на разликата во квалитет меѓу двете екипи. ЖРК Вардар се на лидерската позиција на табелата со пет победи по исто толку одиграни натпревари, додека составот од Прилеп е последнопласиран без освоен бод.

Можност на утрешниот натпревар да добијат помладите ракометарки во ЖРК Вардар, се со цел да добијат на искуство, со што би помогнале во натпреварите од Лигата на шампиони.

Натпреварот ќе се одигра утре во малата сала на СЦ „Јане Сандаски“ со почеток од 14:00 часот. На првиот меѓусебен дуел сезонава, ЖКРК Вардар славеше убедлива победа против Жито Прилеп со 46:11. Овој меч ќе биде последна проверка за избраничките на Индира Кастратовиќ, пред дуелот од 5.коло од ЛШ, против екипата на Будуќност, кој ќе се игра во недела.