Денес шампионот ЖРК Вардар му гостуваше на ЖРК Металург во Автокоманда, натпревар во кој издојуваа уште една победа во домашното првенство, со 22:31.
Уште на почетокот се виде дека вардарки сепак се пресилни за девојките од Автокоманда, добро го отворија натпреварот и веќе во 15-та минута имаа водство од 3:10. Металург тешко доаѓаше до добра позиција во нападот, со што водството на вардарки се зголеми, за да на полувреме заминат со резултат од 8:18.
Во второто полувреме Кастратовиќ им даде шанса на ракометарките од клупата, кои успешно ја одржуваа разликата до самиот крај, за конечни 22:31.
Ракометарките на ЖРК Металург лошо играа во одбрана, а единствена светла точка во нападот беа Ливриниќ и Јовановска кои постигнаа 7 и 6 погодоци соодветно.
Со оваа 12-та победа ЖРК Вардар убедливо е на првото место со вкупно 36 бодови, 12 повеќе од второпласираниот ЖРК Металург.
ЖРК Металург: Серафимова, Антиќ, Каранфиловска, Белевска 1, Јовановска 6, Николиќ 3, Стојкоска 3, Николовска, Ливриниќ 7, Саздовска, Ципушева, Дурланова, Ристовска 2, Петковска.
ЖРК Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Радичевиќ 8, Гакидова, Николиќ 1, Лазовиќ 2, Дембеле, Сокач 3, Алтхаус, Кликовац 3, Пенезиќ 2, Черноиваненко 6, Ихнева 2, Хмирова 1, Лекиќ 3.