Македонскиот шампион отпатува во Бриндби со 15 ракометари, откако во Скопје како што објавија на официјалниот сајт на Вардар, останале во Скопје Арпад Штербик и Алекс Душебаев поради болест, а Александар Деревен и Столе Стоилов поради повреди. Истотака не заминал и помошникот на Раул, Давид Дејвис кој деновиве има проблеми со вирус.
Но и вака ослабен, Вардар сепак ја има фаворитската улога против Колдинг, каде во недела до 16:50 часот ќе ита по 5-та победа во Лигата на шампиони. За веднаш после тој натпревар, ракометарите на Вардар ќе се упатат во Хрватска каде во понеделник од 17:30 часот ќе играат против ППД Загреб во рамкиоте од СЕХА лигата.