Вардар ја забележа 7-та победа оваа сезона во Лигата на шампиони над германскиот гигант Рајн Некар Ловен, кој го забележа првиот пораз на домашен терен оваа сезона. Вардарци славеа убедлива победа со 28:35, со која завршуваат на втората позиција од групата Ц и ќе го чекаат својот противник што ќе заврши на третото место во групите А, Б или Д.

Ракометарите на Вардар одлично го отворија натпреварот, цврсто во одбраната и течно во нападот, што придонесе уште на самиот старт да повеќе со 1:3, уште во 7 минута. Кога сите очекувавме дека германците на самиот старт ќе одиграат јако, се случи спротивното … Нашите ракометари ја покажаа својата моќ во одбраната и нападот, предводени од одличниот Караџиќ веќе во 15-та минута од натпреварот имаше пристојно водство од 6:10.

Германците менуваа во одбраната и нападот, но не најдоа рецепт за нашите расположени ракометари. И покрај неколкуте исклучувања на наши ракометари, Вардар го одржуваше водството, за веднаш после тоа со серија од 5:0, да поведе веќе со 7:14 уште во 20-та минута. Блескаше на голот Арпад Штебик, кој натпреварот го заврши со 11 одбрани. Последните 10 минути од првото полувреме вардарци ја одржаа оваа предност и заминаа со 13:20 на полувреме.

Во второто полувреме не се смени ништо во играта на двете екипи, Вардар продолжи да игра одлично во одбраната, правејќи ракометарите на Рајн Некар Ловен да не можат да најдат решение во нивниот напад. Во нападот, како и до сега Вардар имаше многу варијации, што самото тоа што 9 ракометари за запишаа во листата на стрелците кажува многу.

Вардар дојде до највисоки 11 гола предност уште во 40-та минута, за потоа да им се случи мал пад во играта, кој германците го искористија и направија мини серија од 5:1, со што се доближија на 29:23 во 49-та минута. Но, таа серија ја прекина нашиот пикер Стојанче Стоилов, по што во последните минути нашите ракометари рутински го завршија натпреварот, со конечни 28:35, за голема радост на македонските фанови.

Најефикасни на натпреварот беа Игор Карачиќ со 8 постигнати погодоци и Тимур Дибиров со 7 погодоци.