Конечно ЖРК Вардар во вистинско светло. Со феноменална игра, Вардар го совлада до сега непоразениот дански Митјиланд. Конечниот резултат 33-24, ја покажува целосната доминација на вардарки на натпреварот. Меч во кој го видовме она што долго време го чекавме – брз и разновиден напад и жестока одбрана.
Од почетокот на мечот играчите на Вардар покажаа дека од овој натпревар имаат намера да заминат со триумф и 2 бода. Со жестока одбрана и феномеанлен напад од првата па се до 30-та минута Вардар доминираше. По почетните 3-1, Вардар со две серии без примен гол од 3-0 и 4-0 во 13-та минута дојде до високи 10-3 и најави голема победа. Продолжи Вардар со исто темпо до крајот на полувремето за на паузата да замине со највисоки 16-8.
Второто полувреме вардарки го продолжија во ист ритам. Со серија од 3-1 во воведните минути, резултатот на семафорот покажуваше неверојатни 19-9 во 33-та минута. Јансо беше дека исклучително квалитетниот состав на Митјиланд кога тогаш че мора да го подигне нивото на игра. Тоа се случи во преиодот од 37-та до 47-та минута кога Митјиланд со извонредна игра во нападот успеа да намали на -4, 25-21. Се обидоа Данките целосно да се вратат во мечот, и при резултат 28-24 имаа два напади за да дојдат на -3. Кога во тоа не успеаа, денес најдобрата ракометарка на теренот, Андреа Пенезиќ ги презема работите во свои раце и со 2 едноподруго гола целосно да го скрши отпорот на гостите од Данска.
Кај Вардар брилијантна денес беше Пенезиќ 10 постигнати гола. Радува и се подобрата форма на Радичевиќ која постигна 6 погодоци, како и одличната Лекиќ, која мечот го заврши со 5 погодоци и неколку феноменални асистенции. Сепак, најважно е што Вардар денес одигра тимски, а оа се покажува со фактот дека вкупно 11 различни стрелци имаше екипата. Кај гостите најдобри беа Јенсен со 5, Јоргенсен со 4 и Кристијансен исто со 4 погодоци.
Овие две екипи ќе се сретнат и за 7 дена, во Данска, кога Вардар ќе се обиде да дојде до третата врзана победа во ЛШ и да се зацврски на првото место во групата, на кое во моментов се наоѓаат заедно со Ѓер и Митјиланд, сите со по 4 бода.