Вардар го освои Купот на Македонија, совладувајќи го својот ривал екипата на Металург со конечни 26:22.
Во еден одличен натпревар за око, ракометарите на двете екипи прикажаа убав ракомет. Кога сите очекувавме дека Вардар убедливо ќе го совлада Металург, наидовме на сосем поинаква слика.
Металург во текот на сите 60 минути му парираше на Вардар, покажа дека во последните 2-3 месеци напорно се работело на нивната игра. Червар очигледно од овој ростер успеа да склопи една добра екипа, што влева надеж дека сепак има иднина во Металург и воедно во македонскиот ракомет.
На другата страна ракометарите на Вардар можеби не одиграа 100%, но сепак доволно за да издвојуваат победа и да стават уште еден трофеј на своето конто.
Алекс Душебаев со 8 погодоци беше најефикасен кај „црвено-црните“, а Петар Ангелов на голот на Вардар собра 17 одбрани. Кај Металург листата на стрелците ја поредводеа Јања Војводиќ со 6 и Гоце Ојлески со 5 погодоци. Никола Митревски запиша 10 одбрани на голот на Металург.
Пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов ја понесе титулата за најдобар играч во финалето од Купот на Македонија, Петар Ангелов беше прогласен за најдобар голман, а Алекс Душебаев заврши како прв стрелец.
Фото: www.telegraf.mk