Никој не очекуваше вака лесно да ракометарите на Вардар да дојдат до убедлива победа против полската екипа Киелце. Вардар го тресна од земја Киелце, со што се задржа на првото место во групата.

Натпреварот го отвори Горбок и уште во првите 10 минути, вардарци најавија дека Киелце нема што да бара во Скопје. Одлична цврста одбрана, разновидно во нападот за веќе по 10 минути игра, Вардар поведе со 6:2. Но за потоа да направат 2-3 технички грешки, кои ракометарите на Киелце успешно ги казнија и се доближија на еден разлика 6:5. Но, тој беше единствениот момент каде Киелце се врати во игра, веднаш потоа ракометарите на Вардар продолжија со јаката одбрана и со неколку полуконтри повторно се одлепи резултатски, со што замина на полувреме со конечни 18:14.

Ако некој помисли дека во второто полувреме ќе можат да се вратат Киелце во натпреварот, Горбок и Цинриќ веднаш тоа го негираа со двата погодока и уште на самиот старт од второто полувреме Вардар поведе со 20:14. За веќе во 35-та минута Вардар своето водство го зголеми на 8 погодоци, со што го принуди Талант Душебаев да побара тајмаут. Тајмаут кој не смени ништо во играта на полјаците, а Вардар продолжи да го уништува Киелце за веќе во 45-та минута да дојде до највисокото водство на натреварот од 30:20.

На два пати пробаа ракометарите на Киелце да се вратат во натпреварот, но феноменалниот Штербик блесна повторно на голот и веднаш ги откажа. Со што само потоа вардарци рутински го одиграа натпреварот, за конечни 34:24 и голема победа!

Најефикасни на натпреварот беа Дибиров со 8 и Горбок со 7 погодоци, додека во спротивниот табор Агинагалде со 6 погодоци.