Денес ЕХФ ги објави имињата на сите екипи кои ќе бидат дел од Лигата на шампиони во следната сезона 2015/16. На листата која според новиот систем (за кој може повеќе да прочитате ТУКА), Вардар очекувано се најде помеѓу тимовите кои ќе си ги мерат силите во групите А и Б, додека Металург кој доби вајлд карта, ќе игра во групите Ц и Д.
Вардар се наоѓа во Топ 16 екипи, кои ќе бидат распоредени во групите А и Б, по што најдобрите екипи од секоја од овие две групи ќе се пласира директно во четвртфиналето.
За разлика од Вардар, Металург е во оние “послаби“ групи, каде засега има 11 можни потенцијални противници, додека 12-тиот ќе го добие кога ќез аврши квалификацискиот турннир во кој ќе уќествуваат екипите на Алпла (Австрија), Борац (БиХ), Лимбург(Холандија) и Елверум(Норвешка).
Ждрепката ќе се одржи на 26-ти Јуни во Виена, по што можни потенцијални противници на нашите екипи се:
Вардар: Кил, Веспрем, Колдинг, Киелце, ППД Загреб, Барселона, ПСЖ, Рајн Некар, Кристијанштад, Целје, Бешикташ, Монпелје, Пик-Сегед, Висла Плок и Флензбург.
Металур: Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Мешков Брест, Чеховски Медведи, Натурхаус, Војводина, Мотор Запорожје, Порто, Баја Маре, Скјерн.