Во рамките од четвртото коло од Лигата на шампиони, ракометарите на Вардар во недела ќе гостуваат кај најтрофејниот ракометен клуб во Франција, Монпелје. Екипа која после трите одиграни кола, има една победа и два порази, но и покрај ваквиот резултат станува збор за исклучително добар тим. Екипа која лани стигна до финалето од ЕХФ-купот, каде загуби од унгарскиот вицешампион Пик Сегед.
Од тој состав, оваа година во ПСЖ заминаа двајцата највалитетни ракометари и репрезентативци од Франција, Вилијам Акамбре и голманот Тјери Омејер. Но и без нив, Монтпелје одлично котира во француското првенство, каде што моментално го делат првото место со екипата на Нант, после шестото коло. Најголемата опасност кон голот на Вардар ќе доаѓа од нивните бекови, репрезентативецот на Франција, Метју Гребил кој игра како лев бек и има постигнато 20 погодоци и словенечкиот репрезентативец, Вид Кавитчик, како десен бек со постигнати 19 погодоци. Французите имаат одлични крила, особено словенецот Драган Гајиќ кој треба да биде сопрен, бидејќи во последните три натправари постигна вкупно 14 погодоци.
Вардар без многу измени во составот, ќе се обиде да се спротистави и замине од Франција со многу битни два бода, со кои ќе си овозможи сигурно едно од првите две места во групата. Со одличната одбрана предводена од Абутовиќ, кој се покажа како одличен лидер во одбраната, веруваме дека ќе ги спречат нивните бекови или бар ќе им отежнат да го совладаат Штербик, од кој очекуваме уште една блескава партија на голот.
Во нападот, полека но сигурно Душебаев и Карачиќ стануваат ноќна мора за голманите. Се покажаа како добри организатори и одлични реализатори на последните два натпревари, со што потпомогнати од одличните кружни напаѓачи, нема да има проблеми во нападот. Сеуште чекаме на блескава партија на Сергеј Горбок, кој одлично започна во СЕХА лигата, но на стартот од ЛШ некако сеуште е во сенка, сеуште не може да се прилагоди на играта и да го покаже она вистинското, што сите го очекуваме.
Натпреварот ќе се одигра во недела од 17:00 часот, во салата во Монпелје која има капацитет од 9.000 седишта, на кој ќе судат данските судии Мартин Гјединг и Мадс Хансен.
Директен пренос од натпреварот ќе може да гледате на Алфа ТВ #СоСрцеЗаВардар