Вардар му се одмазди на Веспрем, најуспешната екипа во досегашниот дел од регионалната СЕХА лига. Вардарци ги понижија унгарците во СЦ „Јане Сандански“, совладувајќи ги со убедливи 28:21.

Одлично го отворија натпреварот, со серија од 5:0. Изиграа цврсто во одбраната и сите технички грешки кои ги направија на почетокот ракометарите на Веспрем, Дибиров и Карачиќ ги казнија со брзи контри и веќе после 10 минути игра Вардар имаше водство од 8 погодоци.

Водство после кое нашите ракометари се опуштија, по што ракометарите на Веспрем се вратија во игра и го намалија водството на 4 погодоци и да заминат со конечни 14:10 на одмор.

Во второто полувреме повторно вардарци го започнаа јако и продолжија да ја полнат мрежата на Веспрем, за разлика од ракометарите на Веспрем кои се мачеа да дојдат до позиција, за кога веќе ќе дојдеа Страхиња Милиќ ги откажуваше. Нашиот голман блескаше во второто полувреме си 12 одбрани, со што беше главниот виновник за убедливата победа на нашите ракометари, кои изиграа на високо ниво.

Најефикасен на натпреварот беше Тимур Дибиров со 8 погодоци, пред Душебаев кој натпреварот го заврши со 5, а Карачиќ со 4 погодоци.