Утре, Вардар ќе ја има овогодинешната премиера пред своите навивачи во Лигата на Шампионите. На премиерниот меч во новата сала Јане Сандански, Вардар ќе го дочека рускиот првак Чеховски Медведи. Откако во првото коло, Вардар забележа тешка, но исклучително значајна победа над словенечкиот првак Целје, утре Вардар оди на втора победа.
Сепак, и покрај тоа што Вардар е апсолутен фаворит, во Лигата на Шампионите не се добива ниту еден натпревар лесно. Екипата на Чеховски Медведи иако е апсолутен аутсајдер во групата, на мечот од првото коло покажа дека и тоа како знае да игра добар ракомет. Иако забележа пораз од екипата на Веспрем (32-37), самото тоа што и даде 32 гола на моќната унгарска екипа, покажува дека нема да биде лесен противник за никого.
Кај Русите се истакнаа крилата Дервен и Ковалев со 9, односно 4 постигнати голови. Сепак, главен играч кај Чеховски е средниот бек Котов, кој извонредно комбинира со пикерот Черноиванов, кои постигнаа 6, односно 5 гола на минатиот меч. Од останатите играчи, на македонската јавност и е познат и Шелменко, левиот бек кој минатата сезона играче за Динамо Минск.
Од друга страна, ракометарите на Вардар мора да изиграат многу подобро отколку на мечот во Словенија. Вардарци покажаа многу дупки во играта во одбрана. Штербик имаше неверојатни 21 одбрана, но позначајно е што речиси половина од одбраните беа од чисти позиции. Тоа покажува дека одбраната на Вардар едноставно не функционираше.
Во нападот, за очекување е Вардар да одигра многу подобро, со многу помалку грешки, како би оневозможиле брзи контри и полуконтри на Русите. Особено Горбок и Карачиќ мора да одиграат многу подобро, за разлика од мечот со Цеље, каде благо кажано не разочараа со играта.
Сепак, се освен победа е неуспех.
Победата е битна, не само заради двата бода, туку и за загревање на атмосферата пред дерби мечот од третото коло со германскиот Рајн-Некар Ловен.