Ракометарите на Вардар после вчерашниот пораз од Колдинг, вечерва го забележаа и првиот пораз во СЕХА лигата од ППД Загреб. Вардар беше немоќен против расположените ракометари на „коцкестите“, кои заслужено ставија нови три бода на своето конто во СЕХА лигата.

Натпревар во кој не гледавме многу жестина и борба, со оглед дека и двете екипи имаа тешки натпревари викендов во Лигата на шампионите. Но, хрватскиот шампион покажа позрела игра и контрола низ целиот натпревар. Натпревар во кој течеше со мала негатива, се до 40-та минута, кога со сериија од 4 погодоци загребчани се одлепија со 23:19. Со, што не им беше проблем потоа, тој резултат да го зачуваат до самиот крај, за конечни 30:25 и втор пораз годинава на Вардар.

Вардар како и вчера, така и денес потфрли во одбраната. Работи кои Раул Гонзалес мора деновиве да ги исправи, бидејќи веќе викендов на домашен терен ја пречекуваме екипата на Киелце, во рамките од 6-то коло од Лигата на шампиони.