Натпревар во кој двата тренери го почнаа многу тактички, во однос со составите. Тренерот на Рајн Некар, Јакопсен го започна натпреварот без најдобрите тројца, Грецки, Геншајмер и Шмид, а Раул реши да не го игра Македа.

Натпреварот го отвори со погодок екипата на Вардар, преку Дибиров кој погоди од седмерец. Во првите 10 минути се играше гол за гол, со јаки одбрани и континуирано водство на Вардар од 1 погодок. За прв пат го видовме малце поразличен во нападот, каде одигра неколку добри комбинации искористувајќи го Тоскиќ на линијата од 6 метри и крилото Дибиров. За веќе во 15-та минута, со неколкуте добри интервенции на Штербик, Вардар се одлепи со 8:5 за веднаш тренерот на Рајн Некар го активира алармот и да го побара првиот тајмаут.

За потоа лавовите се вратат во игра и израмнат резултатот 8:8 во 21 минута. За веднаш потоа Гонзалес ги внесе за прв пат во натпреварот Македа и Цинриќ, што придонесе стабилен Вардар кој го оддржа минималното водство, со кое замина на полувреме, со конечни 11:10.

Лошо го отворија второто полувреме, каде во првите 5 минути одигра избрзани напади и беа несигурни во нападот. Но, тоа кратко траеше, вардарци брзо се вратија на играта што ја имаа во првото полувреме и го оддржуваа минималното водство се до 45 минута од натпреварот, кога за прв пат поведоа со 2 погодоци разлика, 18:16 и повторно тренерот на Рајн Некар беше принуден да побара тајмаут.

После тајмаутот Вардар продолжи со одличната одбрана, која беше крунисана со одличните 9 интервенции на Петар Ангелов, кој беше клучниот играч денес за големата победа над германскиот гигант Рајн Некар, со конечни 25:19.

Најпрецизни на натпреварот беа Душебаев со 7 и Дибиров со 6 погодоци, додека во спротивниот табор Ларсен со 7 погодоци.

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )