Вардар ги продолжува своите настапи во ракометната Лига на шампиони, а противник на македонскиот вицепрвак ќе биде незгодниот тим на Монпелје кој во овој момент е лидер во француското првенство. Натпревар кој може слободно да се каже дека е прв посериозен предизвик годинава, натпревар во кој треба да се види вистинската сила на вардарци.

Французите доаѓаат без еден од водечките играчи на играта на Монпелје, ракометарот Матхе Гребиј, кој на првиот дуел одигра фантастичен меч, во кој постигна дури 11 погодоци. Но, и без него оваа екипа има силен состав, предводени од одличните словенечки крила кои нас ни се добро познати после СП во катар, ракометарите Драган Гајиќ (53 гола) и Вид Кавтичник (45 гола) кои се предводници на листата на најдобри стрелци во француската екипа.

Силата на Монпелје не доаѓам само од крилата, секако за да бидат ефикасни крилата во нападот потребни се и квалитетни бекови и кружен напаѓачи. Тренерот Патрис Канаје на централната позиција го има најдобриот јужноамерикански ракометар, Диего Симонет кој во секој натпревар се повеќе го докажува својот несомнен квалитет. На позицијата кружен напаѓач го имаат тунижанецот Исам Теј, кој со својата добра форма и искуство ќе игра голема улога во играта во напад и одбрана.

По подолго време се враќа на теренот словенецот Борут Мачковшек, кој поради повреда пропушти голем дел од натпреварите. Никој не ја знае неговата форма, но треба да се биде претпазливи дотолку тој влезе во игра.

Во нашиот состав без поголеми промени во составот, се појавија гласини дека можеби нема да играат Прибак, Тоскиќ и Душебаев, но тренерот изјави дека тие пропуштиле дел од тренинзите оваа недела, но сепак очекува да смета на нив за утрешниот натпревар.

Клучот за победа на овој натпревар е одбраната, која на првиот натпревар потфрли и придонесе до тој нерешен резултат и толкав број на примени погодоци. Со добра одбрана и брза транзиција од напад во одбрана, спречувајќи ги брзите контри на Монпелје, нема да има поголеми проблеми за поволен резултат. На овој натпревар се очекува конечно нашите голмани да се разбранат и заедно со играчите да ги израдуваат верните навивачи на Вардар.

Натпреварот ќе се игра во „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот, а нашите момци очекуваат огромна поддршка од трибините и нова победа, со која ќе останат на второто место во групата #СоСрцеЗаВардар