Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20:15 часот ја започнува новата сезона во регионалното натпреварување СЕХА лигата, против екипата на Војводина. Екипа која на својот прв дуел играше со РК Струмица одигра нерешено 25:25.
Натпревар во кој ракометарите на Вардар се апсолутни фаворите, но сето тоа треба и да се покаже на терен. Вардар надополнет со новите засилувања се очекува оваа сезона да биде повторно на врвот, но овојпат и да ја освои СЕХА лигата. А не како минатата сезона, кога најмногу требаше “црвено-црните“ потфрлија.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15 часот.
Директен пренос ќе има на МРТ1
*Билети за натпреварот можат да се купат на билетарницата во СЦ „Јане Сандански” по цена од 100 денари за трибина, и 200 денари за ВИП делот.