Вардар го доби повеќекратниот полски шампион Киелце за противник во 1/4 финалето во Лигата на шампиони. Натпревар во кој ќе видиме пресметка меѓу татко и син, Талант Душебаев во улога на тренер и Алекс Душебаев во улога на десен бек.
Првиот натпревар ќе се одигра во периодот 8-12 Април во СЦ „Јане Сандански“, а реваншот 7 дена подоцна, од 15-19 Април во Hala Legionow во Киелце.
Останатите 1/4 натпревари:
- Загреб : Барселона
- Вардар : Кјелце
- ПСЖ : Веспрем
- Сегед : Кил