Вардар преку Мешков Брест до финалето во СЕХА лигата. Вардарци во полуфиналето ќе ги одмерат силите со белорускиот тим, кој денес очекувано го победи Нексе со 28:24 во првиот бараж натпревар на проширениот турнир на кој играат најдобрите шест екипи од регуларниот дел на првенството.
Натпреварот Вардар – Мешков Брест ќе се одигра на 23.03 (петок) со почеток од 17:45 часот.