Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва од 20:15 часот ја пречекува екипата на Нексе од Хрватска, во рамките на СЕХА лигата. Натпревар во кој повторно Вардар влегува како голем фаворит со оглед на последниот нивни дуел на „Вардар турнир“, каде „црвено-црните“ забележаа победа од 36:26.

Нексе доаѓа во Скопје од Нови Сад, каде издвојува победа против екипата на Војводина со 24:26. Ракометарите на Нексе одлично ја започнаа сезоната, каде на првиот натпревар против ППД Загреб одиграа одличен натпревар, во кој загубија минимално со 25:23. Со што, со право доаѓаат во Скопје по шанса за победа и изненадување.

Овој натпревар на ракометарите на Вардар ќе им биде последен од СЕХА лигата, како дел од воигрувањето пред настапот во Лигата на шампионите, каде веќе на 20-ти септември ќе гостува во Франција, кај екипата на Монпелје.

На денешниот натпревар Гонзалес нема да може да смета на Деревен, Лазаров и Диви, поради повреди. Но, доброто е тоа што Алекс Душебаев се враќа во тимот, после една недела пауза.

*Натпреварот против ППД Загреб кој требаше да се одигра во сабота е одложен, поради труењето на храна на петте играчи и тренерот Веселин Вујовиќ од гостувањето во Брест.

Натпреварот започнува од 20:15 часот, со директен преност на МРТ1.