Ракометарите на Вардар после поразот од Колдинг во Лигата на шампионите, денес му гостуваат на ППД Загреб од 17:30 часот. Шанса за поправен против „коцкестите“, со што ќе го поправат лошиот впечаток кој го оставија на вчерашниот натпревар во Данска.

За разлика од Вардар, ракометарите на ППД Загреб одморија вчера, бидејќи во саботата го одиграа својот меч во Лигата на шампионите, против Висла Плок, на кој забелешаа победа до 29:25.

Тежок натпревар во кој очекуваме многу малку голови, со оглед дека се среќаваат две екипи со одлични одбрани. Натпревар за кој Раул Гонзалез кажува дека нивната цел е победа, и продолжување на добрите натпревари, дека вчера беше само еден лош ден на ракометарите на Вардар.

Додека Игор Карачиќ за официјалниот портал на СЕХА лигата, изјави дека ППД Загреб се многу добар тим и тежок противник, со одличен тренер на клупата. Но, ракометарите на Вардар оваа сезона нема да потценуваат никој и дека на секој натпревар ќе одат на победа, како што и ќе биде на денешниов.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ1.