По поразот од Мешков Брест, како и што се очекуваше ракометарите на Вардар, денес рутинирано стигнаа до нова победа против екипата на Борац, со конечни 39:27.

Уште на почетокот од натпреварот по првите изедначени минути, Вардар го превзеде водството и до крајот на натпреварот, само го зголемуваше. Сепак овој натпревар за екипата на Борац беше преголем залаг, со оглед на квалитетот на двете екипи.

Најефикасни во составот на Вардар беа Филип Лазаров и Мијајло Марсениќ со по 7 погодоци, додека во спротивниот табор најефикасен беше Обрадовиќ со 8 постигнати погодоци.