Ракометарите на Вардар очекувано славеа над екипата на Спартак Војпут, со конечни 27:36 во рамките од СЕХА лигата.
Натпревар во кој Вардар имаше минимално водство од 2-3 погодоци, се до 50-та минута на натпреварот, кога ракометарите на Спартак Војпут го изедначија резултатот. Но, за веднаш потоа ракометарите на Вардар одиграат цврсто во одбраната и со контри се одлепат и дотолчат противникот во последните 10 минути од натпреварот.
Овој натпревар одлично им дојде на ракометарите, како појак тренинг пред саботниот натпревар против големиот Рајн Некар.
Најефикасни во екипата на Вардар беа Марсениќ со 7 и Лазаров со 6 постигнати погодоци, додека во спротивниот табор Џекиќ со 7 и Жупањац со 6 постигнати погодоци.