Денес ракометарите имаат слободен ден, па еден од нашите главни ракометари во одбраната Велко Марковски, за утрешниот натпревар е оптимист и верува дека ќе дојдеме до третата победа на СП во Катар.

„На првиот меч одбраната како и целиот тим функционираа одлично. Вчера беше нешто полошо, но најважно е што победивме и другото се заборава. Мислам дека на првиот натпревар повеќе се потрошивме одколку на овој вториот против Иран. Што се однесува до противникот кој ни следува, без разлика за непредвидливоста на Босна и Херцеговина јас сум оптимист и верувам дека ќе победиме“ – изјави Велко Марковски за порталот www.lazarovkiril7.com