Денес управниот одбор на РФМ денеска го потврди разрешувањето на Ристо Магдинчев и воедно го назначи неговиот помошник Благојче Весиќ за улогата ВД, односно привремен селектор на женската ракометна репрезентација.

Весиќ ќе ги предводи ракометарките на последните два натпревари од квалификациите за бараж за СП 2015 година, на дуелите со Исланд. Каде на 3-ти декември македонската репрезентацијата на првиот натпревар гостува во Исланд, за три дена потоа го одигра реваншот на 6-ти декември во Скопје.

Шансите за наш пласман се само теорија… со евентуални две победи против Исланд, а потоа Исланд два пати да ја победи Италија, со што би се направил круг од три репрезентации со ист број на бодови.

По завршувањето на квалификациите, РФМ ќе побара друго решение за улогата селектор на женската ракометна репрезентација.