Македонскиоте репрезентативец Гоце Георгиевски, кој пред некој ден го продолжи својот договор со Тулуз, се најде во Топ 5 најдобри погодоци на колото, во француското првенство.

Нашиот репрезентативец одлично се снајде во Франција, каде веќе полека станува еден од главните ракометари во овој клуб. За тоа збори и самата статистика, која кажува дека Георгиевски има постигнато 23 погодоци во 6 натпревари, со 82% на реализација.

МакРакомет му честита уште еднаш за продолжената соработка со Тулуз и му посакува многу понатамошни успеси!

Најдобрите пет погодоци на 24-то коло на Француското првенство:

Извор: www.lnh.fr