Дејан Манасков продолжува со одличните игри во Вецлар, каде на вчерашниот натпревар постигна 9 погодоци. За жал, феноменалнта партија на Манасков не беше крунисана со победа, но македонскиот репрезентативец може да биде задоволен бидејќи од крилната позиција постигна еден од најубавите погодоци на натпреварот.