ЖРК Металург утре патува во Словенија, каде в сабота и в недела ќе бидат дел од петтиот турнир на женската Регионална лига, заедно со екипите на Крим Меркатор и на Подравка од Копривница.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на Крим во Љубљана.

Рспоред на натпреварите:

Сабота, 21 февруари:

– Подравка : ЖРК Металург од 12.00 часот.

– Крим Меркатор : Подравка од 19.00 часот.

Недела, 22 февруари:

– Крим Меркатор : ЖРК Металург од 12.00 часот.

ЖРК Металург патува во следниот состав: Елена Ливриниќ, Симона Николовска, Дајана Јовановска, Маја Каранфиловска, Андреа Белеска, Елена Петковска, Сара Ристовска, Симона Стојковска, Теодора Ципушева, Јована Саздовска, Марија Николиќ, Сања Дабевска, Сандра Дурланова, Матеја Серафимова и Наташа Антиќ.

Извор: www.zrk.rkmetalurg.mk