Екипите на Работнички и РК Охрид во меѓусебен дуел ја отворија новата сезона на ВИП машката Супер лига 2015/2016. Викендов се игра првото коло од оваа нова сезона, која се чини ќе биде една од најинтересните и највозбудливите, со оглед на тоа дека оваа година има доста квалитетни екипи кои ќе се борат за второто место на конечната табела.
РК Вардар, РК Металург, РК Тинекс Пролет, РК Макс Струмица, РК Радовиш, РК Работнички, РК Охрид, РК Прилеп 2010, РК Пелистер, ГРК Борец, РК Вардар Јуниор, РК Металург 2 се екипите – учеснички во оваа нова сезона во ВИП машката Супер лига.
За потсетување, екипите на РК Вардар и РК Макс Струмица на ова натпреварување ќе се приклучат кон крајот на сезоната поради обврските што ги имаат во Лигата на шампионите, односно Сеха лигата.
Во рамки на првото суперлигашко коло,веќе се одиграни 2 натпревари, РК Работнички – РК Охрид и РК Прилеп 2010 – РК Пелистер.За денес се предвидени средбите Борец – Металург 2 и Тинекс Пролет – Радовиш. Вардар Јуниор и Металург својата средба ќе ја одиграат во среда, поради настапот на Металург во Лигата на шампионите.
1 коло Супер Лига:
Работнички – Охрид 2013 30:24 (14:11)
Прилеп 2010 – Пелистер 26:21 (16:13)
Недела (18:00) ГРК Борец – Металург 2
Недела (19:00) Пролет 62 – Радовиш
Среда (17:00) Вардар Јуниор – Металург
Сите натпревари од ВИП машката Супер лига, ќе бидат пренесувани во живо на официјалната страна на Ракометната Федерација на Македонија.