Денес, екипите на РК Металург и ГРК Борец ќе го одиграат заостанатиот натпревар од ВИП машката Супер лига. Екипата на Металург на домашен терен ја пречекува екипата на ГРК Борец. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. Во моментов, РК Металург е на водечката позиција во домашното првенство, со натпревар помалку, додека екипата на ГРК Борец се наоѓа на деветотто место исто така со натпревар помалку. Исходот од оваа средба е од големо значење и за двете екипи, РК Металург со победа на овој меч ќе се зацврсти на првата позиција пред одличниот РК Охрид, а додека ГРК Борец со евентуална победа ќе се искачи 2 места погоре на табелата. За сите заинтересирани влезот е слободен.

Директен пренос од овој натпревар можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.