Влатко Неделковски, тренер на Работнички и асистент на Гино Стрезовски по предмет ракомет на ФФК, ќе го води македонскиот јуниорски репрезентативен тим на квалификациите за СП Бразил 2015 година.
Нашата репрезентација е во тешка група, со репрезентациите на Полска, Франција и Чешка. Нашите јуниори научија многу од своите грешки на последното јуниорско ЕП во Австрија, така што очекуваме подобра игра и помалку технички грешки, со што би успеале да се пласираат на првото место во групата, кое води на СП во Бразил.
Турнирот ќе се игра од 8 до 11 јануари, па може да има проблем Неделковски со евентуалниот ангажман на првите ѕвезди на тимот, Талески и Нелоски за сениорскиот тим кој ќе игра на СП во Катар.
Можеме слободно да кажеме дека месец Јануари е месец на ракометот, во кој се надеваме дека сите ќе се радуваме на нашите јуниори и сениори. #СоСрцеЗаМакедонија